Александар Трајковски ја санираше повредата и комплетно е подготвен за настап кај Мајорка која денеска се среќава со Гранада во Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец средбата ќе ја започне од клупата за резервни играчи и ќе чека шанса за настап на мечот.

Мајорка е во резултатска криза во првенството, има четири порази на последните шест меча во Ла Лига, нема победа  има само еден нерешен натпревар.

На гости тимот на нашиот Трајковски сезонава  нема забележано ниту една победа. Натпреварот, Гранада- Мајорка започнува од 12 часот.