Авторитетниот портал Transfermarkt, специјализиран за проценка на вредноста на фудбалерите, состави симболична репрезентација од фудбалери чиј агент е прочуениот Жорж Мендеш.

Вредноста на оваа репрезентација, според пресметките на портлот, е 595 милиони евра.

Во репрезентацијата на Мендеш влегоа: Едерсон (Манчестер Сити), Жоао Кансело (Манчестер Сити), Рубен Диаш (Бенфика), Габриел Паулиста (Валенсија), Нелсон Семеду (Барселона), Фабињо (Ливерпул), Рубен Невеш (Вулверхемптон), Хамес Родригез (Реал), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Анхел Ди Марија (ПСЖ) и Кристиано Роналдо (Јувентус).