Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски сезонава игра во животна форма, а тоа го потврди и денеска со нови два погодоци.

Фудбалерот на АЕК Ларнака беше автор на два гола и тоа со удари од белата точка во победата против АЕЛ Лимасол.

Тричковски со овие два гола е на врвот на листата на стрелци во кипарското првенство, а по ова коло е на бројката од 19 погодоци.