Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски официјално го продолжи договор со кипарскиот АЕК Ларнака за нови две сезони, до 2024 година.

Тричковски во АЕК Ларнака е од 2016 година, изминатите пет сезони е меѓу најдобрите фудбалери на кипарскиот клуб, постигна 84 гола, а настапи на 141 натпревар.

„Јас сум многу горд, голема чест ми е да останам тука до 2024 годинапокажавме дека сè уште имаме меѓусебна доверба. Беше лесно да се постигне договор за продолжување на соработката“, изјави Тричковски.