По потврдата на трансферот на бразилскиот дефанзивец, Родригес кој е четврто засилување на Македонија ЃП во летниот преоден рок, денеска во ростерот на Александар Таневски беа прекомандувани тројца од младинскиот погон.

Во новата сезона своја минутажа ќе очекуваат Арби Воша, Сефер Емини и Дамјан Серафимов.

„Напорната работа и посветеноста секогаш даваат високи резултати и успех! Момци, добредојдовте во првиот тим!“ – информираат од екипата од Ѓорче Петров.

Прв европски предизвик за Македонија ЃП ова лето е двомечот против Алашкер од Ерменија во првото квалификациско коло од Лига Европа.