Томас Тухел најави дека нема време за чекање, тука е за титули, со пласманот во финалето на ФА Купот а по победата против Сити, е на чекор од првиот трофеј со Челси.

Германецот со Челси е во конкуренција и за трофеј во Лигата на шампионите, а статистиката вели дека против големите тренери реди само победи, во клубот е само 81 дена а пред него паднаа тренери како Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Диего Симеоне, Жозе Мурињо и Карло Анчелоти.

Дека Тухел го препороди Челси говори и фактот дека не прими ниту еден гол во сите овие пресметки.