Македонскиот репрезентативец напаѓач, Илија Несторовски ја дочека својата шанса.

Популарниот Нестор-гол заедно со Окака ќе го предводат нападот на Удинез на денешната пресметка со Болоња.

Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев против „својот“ Лацио ќе чека шанса од клупата за резерви откако тренерот на Џенова, Андреацоли одлучи во првиот тим во нападот да ги постави Санабриа и Коуаме од првата минута.

Претпладнево, Наполи со Елиф Елмас славеше против Бреша со 2:1 во натпревар од 6 рунда во Серија А.