УЕФА денеска дозволи враќање на публиката на стадионите за репрезентативните и натпреварите во рамки на европските купови до 30 отсто од капацитетот на стадионот онаму каде што локалните власти тоа ќе го одобрат.

Првите натпревари кои ќе се играат во присуство на навивачи ќе бидат во Лигата на нации и тоа од 10. до 14 октомври.

„ Вкупни 27 веќе земји дозволија навивачите во одредена бројка да се вратат на трибините. Во овие тешки времиња важно е да се донесе нова надеж и страст во животите на фудбалските фанови и да ги повикаме да се однесуваат одговорно, да ги почитуваат хигиенските мерки поради нивното здравје но и здравјето на останатите навивачи“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.