Европската фудбалска асоцијација УЕФА ги објави играчите кои се номинирани во најтесниот избор за најдобри во европскиот фудбал, доминираат играчите на минатогодишните финалисти Челси и Манчестер Сити.

Кај голманите номинирани се: Менди, Едерсон и Куртоа.

Кај дефанзивците: Аспиликуета, Рудигер и Диас.

Во средниот ред: Канте, Жоржињо и Де Брујне.

Во нападот: левандовски, Мбапе и Халанд.

Најдобрите на своите позиции ќе бидат познати на ждрепката за групната фаза за новата сезона во ЛШ на 26 август.