УЕФА ја покажа топката со која ќе се играат плеј-оф средбите и финалето на Лигата на шампионите.

Топката е изработена од компанијата Адидас, која е партнер на УЕФА, а првпат ќе биде искористена веќе денес, на осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 3о мај, на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.