Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Порто ја чекаат одлуката на УЕФА дали ќе ги елиминира Реал Мадрид, Сити и Челси од полуфиналето во Лигата на шампионите поради тоа што се приклучија во Суперлигата.

Германските медиуми наголемо пишуваат дека Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се враќаат во полуфиналето со „декрет“, засега е само најава односно шпекулација, според која и Порто ќе го искористи хаосот со Суперлигата и оди во завршницата на ЛШ.

УЕФА наводно во петок ќе донесе конечни одлуки, во опција е прекин на Лигата на шампионите и прогласување на ПСЖ за шампион.