Шпанскиот фудбалер Диего Љоренте е ново засилување на ангискиот премиерлигаш Лидс, објави неговиот довчерашен клуб Реал Сосиедад.

„Реал Сосиедад и Лидс постигнаа договор за трансферот на Диего Љоренте“, објави шпанскиот прволигаш, чиј дрес Љоренте го носеше изминатите три години.

Иако финансиските детаљи не се објавени, британските медиуми пишуваат дека Лидс за 27-годишниот Љоренте ќе плати 20 милиони фунти.