Барселона на својот официјален сајт објави дека играчот за врска Усман Дембеле наскоро ќе легне на операциона маса, поради повредата на тетивата на бедрото, стекната на тренинг.

Дембеле следната недела ќе отпатува во финскиот град Турку, каде на 11 февруари ќе биде опериран. По операцијата ќе се знае и должината на паузата, поради процесот на рехабилитација.

Поради постојаните повреди, Дембеле оваа сезона настапи на само пет средби во првенството на Шпанија.