Поранешниот фудбалер Хуан Диего Гонзалез (40) убиен е на ужасен начин.

Неговото тело распарчано и сместено во неколку ќеси е најдено во реката Меделин во истоимениот колумбиски град, познат како седиште на поранешниот наркобос Пабло Ескобар.

Полицијата го истражува убиството, а задолжениот полициски службеник, полковникот Омар Родригез, изјави дека Гонзалез е идентификуван според отисоците на прстите.