Во Латинска Америка чести се нападите на незадоволни играчи врз судиите. Имало тепање, закани со оружје, ама никој заканите не ги доведе до крај. Барем до денес.

Страшна трагедија се случи во Мексико на нисколигашкиот натпревар во Гвадалупа. Судијата Хуан Хернандез (62) беше бутнат од незадоволниот фудбалер Џонатан Г. и при нападот ја удри главата од подот.

Судијата лежеше 15 минути додека дојде брзата помош и за тоа време никој не се осуди да му помогне, па тој почина на патот до болницата.

Полицијата го приведе Џонатан и тој е обвинет за убиство и за тоа што не му помогна на несреќниот судија.