Лео Меси има шест Златни топки, има освоено бројни трофеи со Барселона, има олимписко злато, славеше на Копа Америка со Аргентина.

Неодамна беше именуван „стадион“ по него.

Сместен околу аргентинскиот град Мендоза, илјада километри од неговиот роден град Росарио, стадионот нема рефлектори, нема трева, нема вистински димензии на стадионот – тоа е всушност место , во предградието на Андите, каде што топката може да оди во која било насока, нешто што Меси го правеше во детството, се додека не се пресели во Барселона.

„Стадион Лео Меси“ е идеја на Франциско Хавиер Гвардиола, готвач од Мендоза, кој сакаше да му оддаде почит на аргентинскиот ас.

Идејата  е оригинална, за прв пат фудбалски објект го носи името на најдобриот фудбалер на денешницата.

“Мислам дека ова е подобро признание од она што му го даде Барселона. Сакав да му оддадам мало признание на некој што ни даде многу радост и е дел од историјата, не само во фудбалот. Тоа беше мојот едноставен подарок за Лео, требаше да биде тајна, но моите ќерки ја објавија оваа вест што го обиколи светот “, изјави Гвардиола за весникот„ Оле “.