Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец , Ванче Шиков одлучи кариерата да ја продолжи во второлигашот Тиквеш.

Шиков се враќа во екипата каде играше до 2003 година по што замина во Грција. Сега доаѓа како слободен играч по завршувањето на соработката со Академија Пандев.

По низата ангажмани во странство и епизодната улога во тимот кој оваа година го освои националниот Куп, Шиков следната сезона ќе игра во втората по ранг лига од земјава откако Тиквеш загуби во баражот од Силекс во трката за влез во ПМФЛ.