Третото коло во домашното фудбалско првенство започна со гратското дерби на „Тодор Проески“ кое го доби Вардар со 2:0.

Работнички немаше решение за вардаровиот напад во воторото полувреме. Прво Колевски искористи добра шанса во 56 минута а конечните 2:0 ги постави Даниел Аврамовски ви 92 минута.

Ова за црвено-црните беше прва победа во новата натпреварувачка година.

По денешната победа Вардар дојде до четири бода по три кола, Работнички остана на три освоени во новата сезона.

Утре се играат натпреварите:

Шкендија – Македонија ЃП

Академија Пандев – Борец

Шкупи – Ренова

Струга Трим Лум – Силекс