ФК Вардар на својот фејсбук профил не потсети на освоената двојна круна, титулата во ПМФЛ и Купот, значајна по тоа што во 1995 година преседател на ФСМ беше Љубисав Иванов Ѕинго кој според многумина го туркаше ФК Силекс на неспортски начин до победи.

Денеска Вардар не потсети на титулата во купот, на фесбук напиша:

На денешен ден во 1995 година, „црвено-црната“ казнена експедиција на Ѓоко Хаџиевски ја освои втората двојна круна во Македонија, победувајќи го Силекс во големото финале на Купот, со двата гола на Горан Петрески. Во финалето вардарци настапија во следниот состав: Мирко Спасески (капитен), Петар Милошевски, Горан Петрески, Зоран Јованоски, Сашо Милошевски, Саша Ќириќ, Жанко Савов, Кире Грозданов, Жарко Серафимовски и Игор Саша Николовски.

Gepostet von FK Vardar am Montag, 25. Mai 2020