Фудбалерите на Вардар денеска беа тестирани на Коронавирусот од медицинска екипа на Аџибадем Систина како дел од протоколот за продолжение на сезоната.

За разлика од Шкупи кои не се за овој вид на тестирања, „црвено-црните“ без проблеми се согласија да бидат тестирани, кои како и сите сметаат дека се неопходни за сезоната во ПМФЛ да се  доигра.

Резулататите од тестирањата на целиот табор на Вардар ќе бидат познати утре.