Вардар му го нанесе првиот пораз сезонава на Борец на домашен терен , откако попладнево славеше во Велес со  2-0 во премиерниот меч од 12 коло во ПМФЛ.

Првото полувреме донесе голем број шанси на двете страни, но без завршница, па мечот замина на пауза со резултат 0-0.

Шансите на стадионт во Велес продолжија и во второто полувреме, а на премиерниот гол се чекаше до 79 минута, кога при контранапад на Вардар Попзлатанов биеше прецизно од работ на шеснаесеттикот по асистенцијата на Најденов.

Конечните 2-0 ги постави Цветановски на асистенција на Попзлатанов во судиското продолжение

За актуелниот првак ова е прва победа во ПМФЛ по пауза од четири кола, а прв домашен пораз за велешани.