Фудбалерите на Вардар ја запишаа втората победа во низа, втора во оваа сезона а трет натпревар освоија најмалку еден бод во ПМФЛ.

Ова откако славеа на гостувањето кај Ренова со голот на Џемал Ибиши во 65 минута.

За избраниците на Александар Васоски ова беше трета победа на последните шест соочувања со „гипсарите“.

За Ренова ова беше прв пораз во новата сезона во нашето најсилно домашно првенство.

Во следното 5 коло од ПМФЛ, Вардар ќе ја пречека Струга Трим Лум а Ренова ќе и гостува на Академија Пандев.