Само еден гол падна во второто полувреме на петте меча во првата македонска фудбалска лига. Тој беше дело на напаѓачот на Вардар Филип Петковски во 75-тата минута, гол со кој црвено- црните стигнаа до вториот бод во третиот меч во полусезонава.

На Арената „Тодор Проески“, Вардар имаше негатива против Струга Трим Лум од 0:1, откако од пенал во 21-та минута за стружани стрелаше Ристевски.

Се беше решено во првите 45 минути на дербито на колото на стадионот на ФФМ, Работнички победи против Шкупи со 0:2. Стрелци за романтичарите беа Стојковски во првата и Прелчец во 9-тата минута.

Со голот на Пејаковиќ во 41-та минута, Пелистер победи против Борец од Велес.

Без голови завршија градските дербија, меѓу Беласица и Академија Пандев и Шкендија со Ренова.

Со освоениот бод Шкендија ја зголеми предноста пред Шкупи на 7 бода, посебно интересно станува во битката за опстанок, по 23 бода имаат Силекс и Ренова, кои се наоѓаат во плеј аут зоната, додека пак Академија Пандев, која е претпоследна има 22 бода, на дното е закопана Беласица со 13 бода. Вардар засега изгледа барем малку сигурно со 27 бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore