Џејмс Варди беше најдобриот поединец во екипата на Лестер во победата над Њукасл од 5:0.

Варди со двата гола во мрежата на Дубравка го помина остварувањето на Кристијано Роналдо и на Карлос Тевез по бројот на постигнати голови во Премиер лигата и тоа за помалку натпревари.

Сега на Варди му е потребен само уште еден гол за да го помине резултатот на Торес, Азар и на Саха.