Искусниот српски дефанзивец Бранислав Ивановиќ е нов член на англискиот премиерлигаш ВБА, соопшти вечерва клубот од Бирмингем.

„Премиерлигата е најдобрата лига во светот“, изјави Ивановиќ по промоцијата во ВБА, потпишувајќи договор на една година.

„ Имам многу амбиции и сакам да докажам многу работи. Ќе дадам се од себе за екипата“ .

Трансферт во ВБА, чиј тренер е Хрватот Славен Билиќ, значи враќање на Ивановиќ во премиерлигата, каде остави длабока трага во редовите на Челси, чиј дрес го носеше девет сезони на близу 400 натпревари во сите натпреварувања, освојувајќи три титули.

Ивановиќ дојде во ВБА како слободен играч, откако ова лето му заврши договорот со руски Зенит.