Тотенхем во десеткуван состав ќе го дочека Лајпциг во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Вицешампионите од поодамна не можат да сметаат на Хари Кејн, а во саботата го загубија и Сон кој годинава е најдобриот фудбалер на „Спарс“. На позицијата лев бек ќе започне Дејвис, иако се најавуваше искусниот Вертонген.

 

Лајпциг ќе биде предводен од Тимо Вернер и капитенот Сабицер, кои се главните алки во составот на Нагелсман.