Поранешниот македонски фудбалер и сега претседател на Синдикатот на фудбалери на Македонија, Панче Ќумбев си го исполни ветувањето дадено кога Македонија ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство каде дебито ќе го има утре во 18 часот против Австрија.

За Дриблинг тој вели дека заендо со него во комбе за Букурешт тргнаа и Ристе Ќумбев, Владимир Темелков , Стојче Темелков, Столе Штерјов, сите во Велес познати како поранешни играчи на градскиот клуб Борец, а плус со нив се и Кире Лазаров, Благој Филџанов и Боге Николовски, роднини и блиски пријатели на поранешниот македонски репрезентативец.

Интересно, поранешниот репрезентативец е оној кој е организаторот на се околу ова патување во романија

„Организацијата е моја, се зареков ако ако победиме со Грузија ќе ги носам на ЕУРО. Карти, пат, смештај се е од мене“– вели за Дриблинг Ќумбев, кој мора да признаеме со стил си го испочитувал ветеното.