Чешката полиција се пресмета со англиските навивачи кои допатуваа во Прага за да го поддржат својот тим во борбата за ЕУРО 2020.

Пред почеток на натпреварот неколку навивачи од Островото почнале со шишиња да фрлаат кон униформираните полицајци на плоштад во градот.

Итната реакција на полицијата резултирала со 30 приведени навивачи, а еден од нив бил пренесен во болница поради повреди.

Се наведува и дека полицијата користела гумени куршуми, а ситуацијата толку била сериозна што полицијата во момент не гледала дали се работи за хулигани или мирни навивачи.