Фудбалскиот клуб Брегалница го доби трофејот за шампиони во Втората македонска лига исток. Тие оваа година беа убедливи и успеаја да стигнат до титулата, што значи и пласман во Првата фудбалска македонска лига.

Тие трофејот го добија пред мечот кој на домашен терен го играат против Тиквеш, а кој нема никакво резултатско значење за штипјани, со оглед на тоа дека се сигурно први и се сигурни патници во македонската елита.