Се тресам. Секој ден ќе се возам во Ренџ Роверот. Што друго да кажам? Никогаш ова нема да ти го заборавам, кажа среќниот добитник на томболата, за само неколку дена подоцна да го стави автомобилот на продажба.

Серхио Кун Агуеро, во деценискиот период минат во Манчестер Сити стана вистинска легенда на клубот, а така и се прости од Етихад. Организираше томбола, па на секој вработен во клубот му подари по нешто. На некој им се падна часовник Таг Хауер, но некои беа многу посреќни.

Еден од нив е Али Марланд, економот на Манчестер Сити, на кого Агуеро му подари Ренџ Ровер Евок од 2016-та година.

„Се тресам. Секој ден ќе се возам во Ренџ Роверот. Што друго да кажам? Никогаш ова нема да ти го заборавам“- кажа тогаш Марланд, но брзо го погази својот збор.

Се чини дека сепак нема да го вози секој ден, бидејќи го стави на продажба.

Како што пишува Сан, Марланд и неговата сопруга веќе имаат автомобил, па се одлучиле за продажба на скапоцениот џип, а дел од парите ќе ги дадат во добротворни цели во една болница во регионот Ланкашир.

Аргентинскиот напаѓач со џипот минал само 17,000 километри, а Марланд на „eBay“ го продава за само 23.000 фунти, што е многу помалку од неговата реална вредност, посебно што го има возено човек како Аугеро.