Најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска одлично ја заврши задачата како главен судија на финалниот меч од Европското првенство за фудбалерки до 19 години каде во текот на целиот меч покажа само еден жолт картон , a натпреварот помина во фер и коректна атмосфера.

Ова беше големо признание за нашата судијка на која и беше укажана довербата да суди финале на европско првенство.

Европското првенство беше во категоријата за фудбалерки до 19 години и се одржа во Шкотска, a триумфираше репрезентација на Франција која во финалето ја совлада Германија со 2-1.

За Пројковска оваа е најголемо признание во досегашната нејзина судиска кариера.

 

 

/