Македонската ракометна репрезентација успеа да дојде до победа во последниот натпревар во квалификациите за ЕП 2022.

Пласманот на ЕП 2022 завршницата за нашата репрезентација беше осигуран и пред денешниот натпревар но како што и ветија пред натпреварот победа за велигден и за македонскиот народ , тоа и се случи.

Со оваа победа македонската репрезентација успеа да го обезбеди најдобриот пласман во еден квалификациски циклус , со пет победи и само еден пораз.

Македонија тргна со Митревски на голот, Кузмановсски, Талески, Велковски, Георгиевски, Маџовски и Пешевски. И на оваа средба се покажа дека не можеме без искусните, без нивната помош засега тешко играме.

Во првото полувреме нашите ракометари само трипати водеа (3-2, 4-3 и 13-12). Шмид отвори со два гола, Митревски со три одбрани ги повлече останатите, Пешевски, Мишевски и Талески, во седмата минута го донесоа првото водство (3-2). Маџовски промаши за плус два, на другата страна Швајцарија казни. По 5-5 со серија од 3-0 поведе со 5-8 во 16 минута. И на оваа средба имавме два промашени седмерци.

Во вториот дел односно во 40.минута дојдовме до четвртото водство на мечот (19-18), со головите на Кузмановски и Лазаров, и секако три одбрани на Митревски. Швајцарија притискаше, по секоја цена сакаше да дојде до целиот плен. Но, феномеланиот Митревски не дозволуваше поинакво сценарио.