Решени сите дилеми во Првата фудбалска лига на Македонија, во Европа за прв пат во историјата ќе патува тимот од Струга, бараж за опстанок ќе играат Силекс и Ренова.

Со голот на Јахја во 67-та минута во Кратово, екипата на Струга Трим Лум ја завери визата за настап во Европа, односно во новоформираниот Конференциски куп.

Јалова победа во оваа битка оствари и Македонија Ѓорче Петров на гостувањето кај Вардар на Арената Тодор Проески. Стрелци во победата од 0:2 беа Петров во 49-тата минута и Божиновски во 86-тата.

Академија Пандев оствари победа со 3:1 против Борец и го завери опстанокот во Првата фудбалска македонска лига. Пандевци поведоа со голот на Манев во 13-тата минута, Валиновски во 25-тата донесе удвојување на водството на струмичани. На 2:1 во 42-та минута намали Трајкоски. Конечните 3:1 ги постави со вториот гол во 49-тата минута Велиновски.

Со головите на Драгарски во 18-тата минута и Гудиаби во 76-тата минута Пелистер стигна до победа од 2:0 против Беласица.

Двата меча во Тетово завршија со реми. Шефити стрелаше за предност на Ренова против Работнички во 36-тата минута, а конечните 1:1 таму ги постави Ѓурѓевиќ.

Реми во Тетово одиграа и прво и второпласираната екипа во ПМФЛ Шкендија и Шкупи. Стрелец за Шкендија во 41-та минута беше Ибраими, додека за Шкупи израмни Адем.

Како што е веќе познато шампион Шкендија, а во европската конференциска лига ќе патуваат Шкупи и Струга Трим Лум, а ним ќе им придружи и подобриот од Финалето на купот меѓу Академија Пандев и Силекс. Кратовци и Ренвоа ќе играат бараж за опстанок, а во Втората следната година ќе игра најтрофејниот македонски клуб Вардар, како и струмичка Беласица.

Standings provided by SofaScore LiveScore