Фудбалерите на Тотенхем очиглегно не се опоравија од поразот од Баерн Минхен од 7-2 и забележаа нов пораз, овојпат на гостувањето кај Брајтон од 3-0 во првиот меч од 8 рунда на Премиер лигата. Трагичар на мечот беше голманот на Спарс Хуго Љорис, кој киксираше при првиот погодок, а  при падот заработи скршеница на раката која ќе го одалечи од терените долг временски период.

Избраниците на Покетинио ја потврдија лошата форма и во целиот натпревар не успеаа да направат некоја посериозна шанса за гол. Тоа домаќините знаеја да го искористат и со головите на Маупај и двата погодоци на Коноли стигнаа до убедлив триумф.

За Тотенхем ова беше 3 пораз и уште сега заостануваат огромни 10 бода зад лидерот Ливерпул кој има натпревар помалку.