Поразот од Австрија брзо ќе се заборави, веќе во вторник Македонија ја очекува нов, последен предизвик во овој Евроквалификациски циклус, во Скопје доаѓа Израел.

Од се што видовме вечерва на гостувањето во Виена, највредно е за издвојување е изданието на дебитантот, Влатко Стојановски.

Скромниот 22 годишен напаѓач кој ова лето од Ренова се пресели во француски Ним, вечерва потврди дека има сериозен потенцијал и допрва ќе го видиме најдоброто од него.

Стојановски го постигна единствениот гол за Македонија на гостувањето во Австрија, го матираше Шлагер во 93 минута а предходно пропушти две убави шанси за деби гол.

Стојановски кариерата ја започна во Металургво 2014 година, на ова следуваа преслеви бо Хрватска (Сплит, Неретванац и Дугопоље.)

По ова се врати во Македонија, го носеше дресот на Ренова една сезона па го забележија во Франција а го купи Ним.

За Ним досега одигра два натпревари во Лига 1 (еден во националниот куп) но по денешното издание можеме да очекуваме поголема минутажа во составот на Благарт.

Македонија загуби од Австрија но го доби Стојановски, доби напаѓач кој ветува и дава за право да се надеваме на подобра ефикасност во иднина.

Дамјан Николовски