Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Австрија во воведното коло на ЕУРО 2020, се насочува кон следниот предизвик, дуелот со Украина закажан в четврток.

Веќе е одработен првиот тренинг денеска на кој акцент беше ставен на нормализирање на физичката форма и проверка на кондициските сегменти кај дел од избраниците на Ангеловски.







Македонија дуелот со Украина ќе го игра во Букурешт во четврток со поддршка од трибините од најмалку 3000 навивачи од земјава.