Екипата од Малта, Гзира Јунајтед се хероите од вчерашните реванш мечеви во Европа лигата, прво квалификациско коло.

Гзира го елиминира Хајдук  со победата во Сплит со 3-1, ја надоместија негативата од 0-2 по првата средба дома, одат во втората рунда и тоа е историски успех за клубот. По натпреварот во соблекувалната се радуваа како да ја освоиле ЕЛ.

Минатата година во ЕЛ играа во првото претквалифкациско коло, ја елиминираа Сан Јулија од Андора, потоа испаднаа од Раднички од Ниш со вкупни 5-0. Претходно во Европа,  екипата на Гзира играше во 1973 година, во првото коло испадна од Бран  во рамки на Купот на победниците на куповите (КПК).

Gepostet von Gzira United F.C. am Donnerstag, 18. Juli 2019