Големите фудбалски тимови во овој дел од годината се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона.

Токму англискиот Манчестер Јунајтед првиот дел од подготвителниот период ќе го одработи во Австралија каде ќе одигра и две пријателски средби против Перт Глори и Лидс Јунајтед.

Турнејата на “црвените ѓаволи” ќе продолжи во Сингапур,каде ќе играат меч со Интер од Милано,за потоа да продолжат во Кина каде ќе одиграат уште една пријателска средба со лондонски Тотенхем.На турнејата менаџерот Оле Гунар Солскјер поведе вкупно 28 фудбалери меѓу кои е и Пол Погба и Ромелу Лукаку.

Првата дестинација е австралискиот Перт.