Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ, по излегувањето од болница, е пуштен на домашно лекување. Тој се одлучи да го изненади долгогодишниот пријател Роберто Манчини и се појави на тренингот на националниот тим на Италија.

Некогашниот играч на Миха од деновите минати во Лацио и Сампдорија меѓу првите му пружи поддршка на Србинот во неговата борба против леукемијата.

Михајловиќ токму затоа се одлучи да го изненади својот голем прихател и да го поддржи пред претстојниот квалификациски дуел на Италија со Грција.

Манчини му подари дрес од италијанската репрезентација со бројот 11 на кој го пишуваше презимето на Михајловиќ.