Интер денеска го освои и официјално првото скудето по 11 години пауза, вкупно 19-то во историјата на овој клуб.

Илјадници фанови на Интер се собраа на плоштадот во Милано откако Сасуоло и Аталанта одиграа 1:1. Тоа математички значеше дека на четири кола до крајот со 13 бодови предност Интер е нов шампион на Италија.

Навивачите на Интер излегоа по улиците, и покрај пандемијата, за да ја прослават титулата на својот тим.

Најголемиот ривал на Интер, Јувентус, кој девет години беше шампион во низа, џентлменски прв им честита на „нераѕурите“ за шампионската круна.