Легендарниот крилен напаѓач по 10 години во Баерн Минхен минатата година на 36 години се врати во Гронинген. Малиот клуб од Холандија каде ја започна својата и повеќе од блескава кариера. А од таму со ПСВ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен дојде до сите можни трофеи, а со Холандија стигна до светско сребро и бронза.

Меѓутоа, на условно кажано стари денови се врати во клубот од неговата младост, а авантурата му почна со тешка повреда поради која паузираше дури седум месеци. Во првиот тим на Гронинген се врати пред два дена и веднаш беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, каде во победата над Емен со 4:0, додели две асистенции.

По мечот се расплака среќен што конечно се врати по тешката повреда, а неговата емотивност покажа колку му значи неговиот клуб од младоста, и покрај се што постигна во кариерата. Момент кој ги воодушеви сите фудбалски фанови.

Робен со уште една постпка ги собра симпатиите на фаноците. Еден од навивачите на Гронинген кој низ градот се возел со автомобил, го препознал човекот на велосипед.

Тоа беше Арјен Робе. Славниот трофеен играч на најголемите светски клубови и човек со 10-тици милиони евра во џеб. Тој од натпреварот каде беше најдобар, дома се врати со велосипед.