Фудбалерите на второлигашот Дерби каунти доживеаа сообраќајка по вечерата на клубот на која се опијаниле. Најлошо помина капитенот на екипата Ричард Киа на кого му настрадало коленото и за него сезоната е завршена.

Капитенот имал сообраќајка заедно со соиграчите Том Лоренс и Мејсон Бенет по организираната вечера, а по несреќата Лоренс и Бенет се уапсени. Иако голем дел од екипата по вечерата продолжиле кон своите домови, сепак неколку од нив решиле да се опуштат, па се опијаниле и за среќа не доживеале посериозни последици.

Веројатно сите тројца ќе бидат казнети од страна на раководството на Дерби Каунти.