Серхио Рамос се запиша како четвртиот играч во историјата на Реал Мадрид со најмалку 400 победи на сите натпреварувања.

Шпанецот влезе во историјата на кралевите по победата на клубот над Севиља од 1:0. Тој се најде во овој тим рекордери заедно со Манол Санчез (412), Раул (429), но и со Икер Касиљас кој бележи најмногу победи (463).

Договорот на Рамос со Реал Мадрид е потпишан до јуни 2021 година.

По натпреварот со Севиља свој дрес со 200 одиграни натпревари досега доби Каземиро.