Фудбалерите на Манчестер Јунајтед победија во пријателскиот натпревар против Кристиансунд во Осло со 1:0 со голот од пенал на Мата.

Но, она по што ќе се памети натпреварот е влегувањето во игра на синот на тренерот на „Црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер, 17 годишниот Ноа за екипата од Норвешка.

„Дуелот“ меѓу синот и таткото го објавија сите медиуми, а младиот Ноа во теренот влезе во последните пет минути од натпреварот и истиот доби огромен аплауз од навивачите на трибините.

„Уживав на натпреварот. Се беше убаво, од медиумските натписи до моите познаници тука, многу луѓе дојдоа да не’ видат. Кристиансунд играше многу добро, одлично се бранеа.“ – изјави Оле по натпреварот.