Еден од најневеројатните трансфери во историјата се одигра во Турција.

Аматерскиот фудбалски клуб Аладаг Гучу во својот тим го донесе играчот Октај Каракан (35), а трансферот го плати со џем.

Фудбалерот со клубот потпиша едногодишен договор, а платен е со 10 килограми џем.

„Двете страни се задоволни. Клубот има финансиски проблеми и се што можевме да му понудиме беше џем. Сметаме дека тоа е добра понуда.“ – истакнаа од клубот.