Ракометарите на Вардар актуелниот македонски ракометен првак  во дерби дуелот од 4. коло на Супер лигата славеше над Еурофарм Пелистер со резултат од 29-25.

„Црвено-црните“ имаа подобар финиш на првото полувреме и сигурно второ во кое успеаја да дојдат до резултат со кој можеа да се израдуваат на три бода за зацврстување на првото место на табелата.

Изедначено, со бројни на промени на водството почна македонското дерби во Супер-лигата, ниту една од двете екипи не поведе со повеќе од еден гол. Првиот голем чекор го направи Вардар 1961 при 10-10. Со серија од 6-1 поведе со 16-11 на стартот на првото полувреме. Ова беше период во кој битолчани влегоа во криза, проблем беа и техничките грешки.

По последните плус пет  Е.Пелистер врати со серија од 3-0 и дојде на минус два . Моралес го прекина налетот (18-15). Актуелниот македонски првак успеа да ја стабилизира играта, две одбрани на Томовски во низа и два гола го донесоа одново на плус пет (22-17) во 44. минута.

Вардар се опушти на другата страна Е.Пелистер казни, со серија од 5-1 дојде на 26-25 во 56. минута. Талески со три гола во низа реши мечот, беше 29-25 на помалку од две минути до крајот. Немаше време за битолчани.

Вардар 1961 веќе во среда го игра третиот меч од ЛШ, во Скопје гостува Алборг.