Во дербито на 8 коло од Македонската прва фудбалска лига, Вардар со минимални 1-0 славеше против Академија Пандев и со ова ја запиша шестата победа во низа.

Во меч со многу тактичко надигрување љубителита на арената „Тоше Проески“ не можеа да посведочат на атрактивен фудбал, а решавачкиот момент се случи во 38 минута кога преку Аврамовски со удар од белата точка Вардар го постигна единствениот гол на мечот.

Вардар по овој меч ја зголеми предноста на врвот на табелата со 19 бода, додека струмичани со 15 поени се на втората позиција.