Такефуса Кубо и во новата сезона во Ла Лига ќе биде на позајмица и нема да игра за Реал Мадрид.

Младиот офанзивец беше одличен во дресот на Мајорка каде му беше директна конкуренција на Александар Трајковски за првиот тим.

Кубо ја прифатил понудата од Виљреал и официјално беше презентиран како ново засилување на „Жолтата подморница“.