Напаѓачот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, постигна гол на средбата од 26. коло меѓу Реал и Барселона, односно прочуеното „Ел Класико“. Тој погоди во 71. минута по асистенција на Тони Крос.

Според податоците на Opta, Винициус стана најмладиот стрелец на „Ел Класико“ во 21-от век. Тој постигна гол на свои 19 години и 233 дена, со што го собори рекордот на Лионел Меси, кој во март 2007 година постигна гол на 19 годинии 259 дена.