Македонскиот фудбалски прволигаш, Работнички го одржи првиот собир со кој започнаа подготовките за новата сезона. Предводени од новиот тренер, Александар Влахо, „романтичарите“ во видно изменет тим заедно со новите засилувања Хјунг-јон Ли и Филип Стојчевски но без Шишковски кој ќе пристигне за три недели, се појавија попладнево го Градски парк на првата прозивка.

„По подолго време Работнички не успеа да се избори за излез на европската сцена, па затоа тимот овој период ќе го искористи за неопходната реорганизација и нова играчка консолидација. Заминаа 11 фудбалери, имаме досега три-четири нови имиња, а во наредниот период план е да се доведат уште четири-пет фудбалери како би се комплетирал играчкиот кадар.“

„Целта, како и секогаш кога е во прашање Работнички, секако е европски излез. И покрај тоа што ќе бидеме подмладени јасно остануваат нашите зацртани цели и за новата сезона“ – изјави Александар Влахо по првиот собир со „романтичарите“ за клупскиот сајт.

Работнички ќе одигра неколку контролни натпревари во земјата, на 6 јули против Борец на 12 против Брегалница а на 15 јули против Вардар. По ова екипата од Скопје заминува во Банско.  По враќањето во нашата метропола ќе одигра уште еден пријателски натпревар со Тиквеш на 3 август.